Во Скопје санкционирани 18 мотоциклисти

Во засилени акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територија на Скопје се изречени 146 мерки, од кои 18 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 12 за возење без возачка дозвола,  по 10  за возење повеќе од дозволената брзина и под дејство на алкохол. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, пет мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).., инфрмира Министерството за внатрешни работи.

Најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.