Во Скопје санкционирани 177 возачи, 80 за брзо возење

 На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 80 санкции, 14 мерки возење без возачка дозвола, 21 санкција за возење под дејство на алкохол.

Изречени се четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за нерегистрирани возила… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.