Во Скопје продолжува да се шири епидемијата на мали сипаници

Три нови случаи на морбили во Скопје. Сите се од областа кванташка депонија во Маџари каде пред 6 дена здравствените власти прогласија епидемија. Две се деца од 3 и 5 години и еден на 27 годишна возраст.

Сите се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Новорегистрираните биле во роднинска врска со претходно заболените. И возрасниот и децата  не ја примиле  задолжителната МРП вакцина. За да спречат ширење на заразата, здравствените власти уште со појавата на првите заболени препорачаа забрзана имунизација во сите градови. За три дена вакцинирани се  900 деца.

Проверката на картоните деновиве покажа дека во неколку скопски општини има драстично опаѓање на имунизацијата со МРП вакцината. Многу родители не сакаат или ја одложуваат за подоцна. Но епидемиолозите загрижени бидејќи ова заразно заболување забрзано се шири во неколку европски земји.

Се уште се на сила мерките дадени пред една недела меѓу кои е и рестрикција на посетите во болниците како и поголеми хигиенски мерки во градинките и училиштата.