Во Скопје ќе се отвори уште едно болничко одделение за лекување на рак

Владата на вчерашната седница донесе Одлука за давање согласност за проширување на дејноста на Јавната здравствена установа Градска општа болница „8-ми Септември“ – Скопје за спроведување специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита на секундарно ниво од областа на онкологијата и радиотерапијата.

Ова значи дека ќе се отвори уште едно одделение за Онкологија во Градската болница „8 септември“ и тоа е дополнително олеснување за болните од рак.

Бројките на новозаболени од рак во последните години постојано се во раст.