Во Скопје казнети 173 возачи, 20 користеле мобилен телефон додека возат

Вкупно 173 сообраќајни мерки се изречени во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 28, 11 санкции за возење без возачка дозвола и четири мерки за нерегистрирани возила. 

Од МВР денеска соопштија дека се изречени 20 санкции за користење на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за непочитување на првенство на минување, шест мерки за не користење сигурносен појас, пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци и 63 мерки за непрописно паркирани возила. 

МВР во соопштението посочува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.