Во склоп на летната манифестација „Скопски летен ритам“ - „Стенд ап вечер за смеа на улица“

На програмата на летната манифестација „Скопски летен ритам“ на 7 јули, на плоштадот на ВМРО, во 21 часот е „Стенд ап вечерта за смеа на улица“.

Четворица врвни комичари од регионот, Пеѓа Бајовиќ од Загреб, Срѓан Олман од Суботица, Мариана Аранѓеловиќ од Белград и Ивана Наскова од Скопје, ќе се предизвикуваат со хумор меѓу себе и ќе го гледаат секојдневието низ една хумористична диоптрија.

Настанот е бесплатен, а жешките денови причина повеќе да се излезе „од под клима“ и да се ужива во миксот од хрватски, војводински, српски и македонски хумор.