Во рајот одат само оние кои не ги напуштаат своите сакани

Мудрост во неколку редови која се помни цел живот.

Некој човек починал, а неговото куче легнало покрај него и умрело од жал и тага по него. И потоа, душата на човекот стоела пред златните порти, а покрај неа, стоела и душата на кучето. Пред нив се појавил вратар.

  • Какво е ова место? – прашал човекот.

  • Ова е рај, ти умре. Сега можеш да влезеш и да се одмориш.

  • Има ли таму вода?

  • Колку сакаш: прекрасни фонтани, чисти базени...

  • А јадење?

  • Сè што ќе посакаш. 

  • Но, со мене доаѓа и кучето.

  • Извинете господине, ама на кучињата на им е дозволен влез. – рекол вратарот, покажувајќи на таблата „Забрането за кучиња“.

  • Ќе мора да го оставите тука. 

Човекот ги кренал рамениците, се свртел и продолжил да оди. И човекот и кучето оделе, оделе, сè додека не дошле до друга капија. На неа не пишувало ништо, а на клупата до портата седел еден старец.

  • Извинете...

  • Јас сум Петар.

  • Што има зад оваа капија?

  • Рајот. 

  • Може ли да влезам со кучето?

  • Секако!

  • А што имаше зад онаа другата капија?

  • Пеколот.

Рајот е само за оние кои не ги напуштаат своите пријатели и сакани луѓе.