Во пожарот изгоре и автомобилот на обвинителот Гаврил Бубевски

Во пожарот што ноќеска избувна кај бараките на ЈП”Улици и патишта” настрада и автомобилот на обвинителот Гаврил Бубевски. Сепак тој не се сомнева дека неговото возило бил нечија цел, бидејќи прво се запалил друг авгомобил, а огнот го зафатил и неговиот.

Пожарот најпрвин избувнал во автомобил кој бил паркиран до оној на обвинителот, а се прошири и на бараките на јавното претпријатие.