
Во понеделник (8 септември 2025 година) ќе се случи реткото усогласување на Земјата, Месечината и Сонцето што ќе овозможи делови од нашата планета да бидат обоени во црвеникави нијанси по целосното затемнување на Месечината.
Набљудувачите велат дека ова ќе биде најдолгото целосно затемнување на Месечината од 2022 година наваму, што ќе трае околу 82 минути. За време на овој феномен, сателитот на Земјата ќе изгледа како да е обоен во крваво-црвена нијанса.
Овој феномен ќе биде видлив за најголем дел од луѓето од целиот свет - од Азија, Африка, Европа и Австралија, што значи дека над седум милијарди луѓе ќе можат да го видат.
Целосно затемнување на Месечината се случува кога Земјата се наоѓа точно помеѓу Сонцето и Месечината во права линија. Додека Земјата се движи пред Месечината, таа го блокира поголемиот дел од сончевата светлина што ја осветлува површината на Месечината. Наместо целосно да исчезне, вообичаено сребрената Месечина добива црвеникав сјај. Ова се случува затоа што само дел од сончевите зраци, оние со најдолги бранови должини, успеваат да поминат низ атмосферата на Земјата и да стигнат до Месечината.