Во петок во Штип комеморација за Филип Стевановски

Од Центарот за култура Штип известуваат дека во претстојниот петок  во Народен театар - Штип во заедничка организација со ДМУЦ „Сергеј Михајлов" - Штип и НУЦК „Ацо Шопов" - Штип ќе се одржи комеморација во чест на прерано починатиот и непреболен м-р Филип Стевановски. 

Комеморацијата со почеток од 12:00 часот.

Стевановски беше директор на Центарот за култура во Штип и дел од бендот ДНК. 

Трагиќно настрада во пожарот во кочанската дискотека за време на настапот.