Петок е денот со кој започнува собирањето на потписи за кандидати за претседател и за кандидати за пратеници. Оваа постапка ќе трае се до 8-ми март во согласно роковниците од Државната изборна комисија ( ДИК)
- “Собирањето на потписи се одвива пред сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари, за тоа и кон ова појаснување ќе бидат објавени и адресите на подрачните одделенија на ДИК пред кој се собираат потписите. Постапката почнува на 23 и трае непрекинато секој ден. Подрачните одделенија ќе работат две смени. Наутро од 8 часот до навечер до 20 часот, додека последниот ден на 8 март ќе работат до 24 часот“, информира членот на ДИК Борис Кондарко.
Иницијативата за собирање потписи за поддршка на поднесена листа на кандидат за претседател и пратеници, како што рече, се поведува со поднесување на известување и изјава на ДИК од страна на предложениот кандидат односно лицето овластено од негова страна со генерално известување заверено на нотар. Потребните документи ќе бидат објавени на веб страната на ДИК и сите заинтересирани ќе можат од таму да ги симнат.
ДИК денеска го усвои и Павилникот за постапување на полицијата за време на спроведување на изборите. Претседателот на Комисијата Александар Даштевски истакна дека се работи за истиот Правилник од изборите во 2021 година.