Во овој град утрово било „кочан“ ладно, измерени -6 степени

Берово утринава бил најладниот град во Македонија со измерени минус шест степени, а под нулата се и Битола и Штип. Во Скопје се измерени 3 степени, додека најтопло денес утринава било во Гевгелија каде се измерени шест степени известуваат од УХМР.

Времето денеска ќе биде сончево и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје сончево и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.