Во ова време на пандемија не можеме да направиме многу, но можеме да покажеме дека се грижиме

Бидете личноста која се грижи за другите. Бидете оние кои ќе направат напор и кои ќе покажат дека сакаат, без оглед на сè. Покажете дека не сте себични, можете да се грижите за себеси и за своето семејство, своите најблиски, но дека сепак водите грижа и мислите на оние другите. 

Бидете личноста која има надеж и верува во подобри денови, која не шири паника околу себе и знае дека доаѓаат добри денови, исполнети со добрината на луѓето. Бидете оние кои веруваат и кои знаат дека треба да се тука за другите, во овие мигови.

Бидете личност која се труди другите да ги направи среќни, но прво почнува од себеси, која успева да размислува позитивно и да најде оптимизам во овие тешки денови.

Бидете личност која знае дека оваа состојба не е постојана. Бидете личноста која знае дека доаѓаат поубави денови, но во меѓувреме која покажува грижа и оптимизам.

За себеси.

И за другите.