Во општина Бутел започна асфалтирањето на улицтата „Бетовенова“

Во општина Бутел започна асфалтирањето на улицтата „Бетовенова“.

- Нема запирање кога се работи за доброто и потребите на граѓаните на општина Бутел. Денес започнуваме со прв слој асфалтирање на улицата “Бетовенова” со површина од 4000 метри квадратни и должина од 400 метри. Граѓаните се оние кои ни ја дадоа довербата која планирам во целост да ја оправдам и да работам во нивен интерес, соопшти денеска градоначалникот на Бутел Дарко Костовски. 

- Ова е уште една потврда на ветеното и уште еден чекор кон обнова и подобрување на патната инфраструктура на општина Бутел. Градежната офанзива е со силна динамика! - додаде тој.