ВО НОВО ЛИСИЧЕ: На улицата "Тоше Проески" ќе се слуша неговата музика

На улицата "Тоше Проески" во Ново Лисиче секојдневно во периодот од 10 часот претпладне до 22:00 часот, ќе се слуша неговата музика. 

"Системот за озвучување ќе се постави со цел емитување на музика од македонската музичка легенда Тоше Проески, секојдневно во периодот од 10 часот претпладне до 22:00 часот, при што јачината на звукот да биде приспособена во рамките на граничните вредности на ниво на бучава, утврдени согласно со важечките законски прописи", стои во одлуката за озвучување на улицата.

Системот за озвучување кој ќе биде поставен по должина улицата и од кој ќе се емитува музиката на Проески е подарок на Општината од Здружението на Власи стопанственици на Македонија "Мандра". За поставување на озвучувањето на улицата, Здружението 'Мандра' добило согласност од станарите од сите згради до улицата. Од Аеродром велат дека по последната одлука за снабдувањето со струја, Здружението ги има сите одобренија и може да почне со монтирање на озвучувањето.