И оваа година продолжува традицијата за Водици во Кисела Вода.
- Со огромно задоволство сакам да ве информирам дека повторно ја продолжуваме возобновената традиција за положување на Светиот Крст во осветените води, како дел од прославата на Водици, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Настанот ќе се одржи во базенот „Расадник”, недела на 19-ти јануари.
И оваа година, манифестацијата започнува од храмот Св. Ѓорѓија во 10:30, од каде со Богојавленска литија заедно со верниците и свештенството поворката ќе се упати кон базенот во Расадник. Осветувањето на водата и положувањето на Светиот Крст ќе се случи во 11:00 часот.
За најсреќниот учесник што ќе го извади Богојавленскиот Крст од водите e предвидена парична награда од градоначалникот, но и награди обезбедени од спонзори.
- Браќа и сестри, ве поканувам сите да земеме масовно учество на овој преубав настан, на Богојавленската литија и да бидеме дел од продолжувањето на нашата возобновена традиција, сплотени и духот на христијанските вредности да си го прославиме овој убав и голем празник, порача Ѓорѓиевски.