Во нашите најтешки моменти, ни остануваат само нашите најблиски пријатели

Нашите најдобри пријатели се секогаш тука за нас, во нашите најтешки моменти. Кога облаците на очај и разочарување надвиснуваат над нас, тие се нашата најголема поддршка.

Кога губиме блиска личност во нашиот живот, како нашиот живот да се дели на времето пред и потоа. Тие се оние кои ќе не натераат да станеме наутро, кои ќе ни посакаат добра ноќ и кои ќе ни покажат дека тагата е помала кога ја делиме со други. Тие ќе ни дозволат да плачеме, да врескаме, да се изгубиме во болката, ќе не слушаат како по милион пати повторуваме исти работи. Тие ќе ги остават сите важни работи за нас и нема да дозволат да се почувствуваме сами, дури ни за миг.

Тие ќе ја држат нашата рака, ќе ни велат дека се ќе биде во ред. Ќе седат до нас додека молчиме, немајќи што да кажеме и ќе не натераат да се соочиме со светот. Тие знаат дека веќе нема да бидеме истата личност по нашата загуба, но тие секој ден ќе бидат покрај нас, терајќи не да се насмееме повторно.  Тие се нашето второ семејство и нашите втори браќа и сестри, па и наши родители. Тие се нашето виножито по тешкиот дожд.

Нивната љубов е бесконечна.

Ако имате ваква личност до себе која ви помогнала да ги пребродите најтешките моменти, вие имате пријател за целиот живот. Чувајте ја таа личност до себе и покажете и колку ви значи нејзината поддршка.