Во Македонија регистрирани пациенти кои се заразени и со грип и со ковид

Во интервју за Вечер, д-р Мира Атанасова изјавила дека во Македонија веќе има двојна инфекција со ковид-19 и грип кај исто лице. 

Споредено со лани истиот период, оваа година има повеќе заразени со грип. Минатата година всушност имаше помалку од 300 заразени во текот на целата сезона, кога беше доминантен британскиот сој на коронавирусот. 

За една недела ширум земјава регистрирани се нови 134 случаи на заболени од грип, кои се пријавени во шест градови во земјава, а најмногу од заболените се во Дебар – вкупно 58. Оваа статистика е дел од последниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Почетните симптоми се многу слични, па дел од пациентите најпрво се тестираат за ковид, пред и самите лекари да дијагностицираат грип. 

Најголем дел од заразените не биле вакцинирани ниту со вакцина против грип, ниту против ковид-19. 

Повеќе прочитајте тука