Изјавата на македонската водителка и инфлуенсерка Јелена Спенџарска дека „во Македонија мажите се емоционално незрели“ наиде на бура реакции во јавноста.
По нејзината изјава во гостување во поткаст, многумина ја обвинија за овој нејзин став - дека мажите не знаат кај тераат...
Додека мажите ја напаѓаат за нејзината генерализација на сите мажи, дел од жените се согласуваат со неа и и честитаат за храброста јавно да проговори за ова.
Еве дел од реакциите на социјалните мрежи:
- Или сакаш рамноправност, или нејќеш. Избери си. А не од двете како што ти одговара, божем ова е Шведска маса на идеи и привилегии, па боцни си малку шунка онака највегански, па малку ментална гимнастика и ќе ти пројде, гласи друг коментар.
Спенџарска не би ја прашал за мислење од каде патлиџан да купам, а не пак да ми продава демагогии за машко женски односи.
— Man (@goranman2) September 16, 2024
Спенџарска проповеда за смислата на животот. Си легнувам, гасам светло!
— Ramona (@VRamonaT) July 15, 2024