Во каков свет живееме?

Кијану Ривс е еден од најпризнатите актери во Холивуд. Но, тој се смета и за еден од најскромните и најмудрите актери на денешницата. Ослободен од секаква суета и полн со добрина и емпатија.

Тој често ги искажува своите мислења со кои ги воодушевува луѓето низ светот. Оваа негова порака за светот во којшто живееме стана вистински хит на интернет и инспирираше милиони луѓе.

„Не можам да бидам дел од свет каде што мажите ги облекуваат своите жени како проститутки со тоа што го истакнуваат она што треба да биде скриено. Свет во кој не постои концептот за чест и достоинство, концепт на кој човек може да се потпре кога другите ќе му кажат: „Јас ветувам..“

Свет во кој жените не сакаат деца, а мажите не сакаат семејство.

Свет во кој децата мислат дека се успешни седејќи зад воланот од автомобилот на нивниот татко и во кој таткото кој има мала моќ се обидува да ви докаже дека вие сте никој и ништо.

Свет во кој луѓето лажно велат дека веруваат во Бог со чашка алкохол во нивната рака, без воопшто да се потрудат да ја разберат нивната религија.

Свет во кој концептот на љубомора е срамен, а скромноста се смета за недостаток.

Свет во кој луѓето заборавија на љубовта и едноставно гледаат да го најдат најдобриот партнер.

Свет во кој луѓето ја поправаат секоја жица од автомобилот, без да штедат пари и време и тие изгледаат толку сиромашно, што само скап автомобил може да го скрие тоа.

Свет во кој момчињата ги трошат парите на своите родители во ноќни клубови, танцувајќи на примитивни звуци, а девојките се заљубуваат во нив поради тоа.

Свет во кој мажите и жените повеќе не можат да се идентификуваат и во кој се ова се нарекува слобода на избор, но оние кои ќе изберат поинаков пат, се нарекуваат со погрдни имиња.

Јас го избрав мојот пат, но жалосно е што не најдов слично разбирање од луѓето од кои највеќе сакав да ме разберат...“

new nike air max 2019