Во хрватска од ковид-19 почина 22-годишно момче

На 22-годишен пациент кој немал придружни болести кога се заразил, во текот на лечењето му била откриена хронична состојба за која никој од семејството не бил свесен досега.

Лекарите се посомневале откако три недели го лечеле на интензивна нега, но состојбата на момчето не се подобрувала. 

Тој, за жал починал во клиничко-болничкиот центар во Загреб. За жал, се почесто млади луѓе дознаваат дека имаат некоја болест или хронична состојба откако ќе се заразат со коронавирусот, бидејќи дотогаш не им правела никакви проблеми.