Во грчко возило пронајдени неколку мигранти

На 28.03.2022 во 11.45 часот во Полициското одделение Петровец, вработен во АРСМ-Касарна „Страшо Пинџур“-Петровец, пријавил дека околу 12.00 часот во товарно возило „даф“, кое влегло во државата и касарната од Република Грција, во сандак со алат биле пронајдени 4 лица мигранти од Гана. Мигрантите биле спроведени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка.

Увид извршиле екипи на Полициското одделение Петровец и Регионалниот центар за гранични работи Север и се преземаат мерки за расчистување на счлучајот.