Во главната канализација во Шуто Оризари пронајдени облека, влажни марамчиња, отпад...

Ниту прв, а веројатно ниту последен случај на интервенција на ЈП Водовод и канализации поради исфрлање отпад директно во шахтите, со што се предизвикуваат дефекти во канализацијата. 

Поради тоа, ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до сите корисници на услугите на претпријатието, односно на канализацискиот систем, во него да не одлагаат отпадни материјали кои не се подлежни на разложување (како влажни марамици, најлони…), предмети од домаќинствaта и кабаст отпад, со цел заштита на системот, негова нормална функционалност и превенција од затнување и излевање на отпадната вода.

„Во текот на мината ноќ, екипите на секторот Канализација, на ул. Индира Ганди, во Шуто Оризари, работеа на чистење и одзатнување на главна фекална канализациска линија, со дијаметар на цевка 250мм, полна со шут, песок, текстилни материјали, влажни марамици… За одзатнување на мрежата беа ангажирани две цистерни (под притисок и вакуум) и вакуум пумпа со голема моќност. Апелираме ваквото неодговорно однесување да се запре за доброто на сите корисници, како и заштита на средината во која живееме. Опасноста од ваквото однесување не е закана само за канализацискиот систем, туку е и закана по животната среднина и здравјето на луѓето, особено во период на зголемени дневни температури“ – истакнаа од сектор Канализација.