Во Гази Баба денеска се одржа крводарителска акција во пресрет на 8 Март.
- Оваа година одбележувањето на 8ми Март, Меѓународниот ден на жената го правиме со оддржување на крводарителска акција во просториите на општина Гази Баба. Дарувањето крв е чин кој се темели на принципите на доброволност и солидарност, а крвта е лек за кој не постои замена. Токму затоа значајно е во секое време да има доволни количини на крв, што може да се постигне единствено со доволно крвни резерви, порача првиот човек на општината Бобан Стефковски.
Тој ја искористи можноста на вработените од Институтот за трансфузиологија и волонтерите од Црвениот крст да им го честита празникот и да им посака здравје, среќа, успех и внимание во текот на целата година