Во Филхармонијата премиерна изведба на дела од Перт, Ротару и Ахо

Оркестарот на Филхарамонијата вечер, со почеток во 20 часот, ќе одржи концерт со наслов „Сеќавање на Бенџамин Бритн“. Како солист на флејта ќе настапи Матеј Јоакимеску од Романија, а диригент е маестро Габриел Бебешелеа.

Во програмата се предвидени дела од современата музика – за првпат ќе прозвучат „Кантус во сеќавање на Бенџамин Бритн“, композиција од естонскиот композитор Авро Перт, и Концертот за флејта и оркестар на Дојна Ротару, а светска премиера ќе доживее Концертот за алт-флејта и гудачи бр. 2 од финскиот композитор Калеви Ахо.

Матеј Јоакимеску е еден од најпознатите романски флејтисти. Редовно настапува на светските сцени како солист, но и во камерни состави, изведувајќи барокен, современ и кросовер репертоар.