
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.В.(43) од село Никуштак, Општина Липково, Х.А.(53) од Косово, А.А.(34) од село Отља, Општина Липково и Е.А.(34) од село Никуштак, Општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторени десет кривични дела, од кои четири „тешка кражба“ и шест „тешка кражба во обид“.
Од МВР информираат дека на 19.09.2026 во село Долно Палчиште во куќата на А.А. одзеле сеф со златен накит, оружје и муниција во вредност од околу 160.000 евра.
Во периодот од 24.11.2025 до 28.11.2025 во Долно Палчиште во куќата на Б.И. одзеле златен накит и пари во вредност од околу 70.000 евра.
На 10.05.2026 во спортска обложувалница во село Теарце со употреба на сила отвориле сеф од каде одзеле пари.
Во периодот од 23.05.2026 до 26.05.2026 од магацинскиот простор на бензинска станица во село Пирок одзеле повеќе пакувања цигари.
Исто така, во периодот од април до септември оваа година, пријавените во шест наврати влегувале во куќи и други објекти во селата Камењане, Долно Палчиште, Нераште, Теарце и Радиовце, вршеле пребарување, но не одзеле ништо.