Во два одделни случаи, скопјани пријавиле оштетени шофершајбни од заталкани куршуми

Во текот на вчерашниот ден, во два одделни случаи, скопјани пријавиле оштетени ветробрански стакла на нивните возила од заталкани куршуми.

Како што се наведува во полицискиот билтен, во првиот случај, вчера во 10:55 часот во СВР Скопје, С.Р.(53) од скопско пријавил дека на подрачјето на Чаир, од заталкано зрно од огнено оружје била оштетено ветробранско стакло од товарно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки.

Во вториот случај, синоќа во 22:45 часот во СВР Скопје, Г.Т.(44) од скопско, пријавил дека во село Визбегово од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранско стакло од патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.