Во два одделни случаи двајца повредени работници бележи билтенот на МВР. И во двата случаи повредените лица завршиле на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Првата пријава за повреден работник во СВР Скопје пристигнала во 10:08 часот каде на Клиника со тешки повреди бил примен 57-годишниот Д.К. од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во магацин на приватна фирма на подрачјето на Ѓорче Петров.
Втората пријава исто така од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ пристигнала во 12:00 часот каде исто така кај нив со повреди бил донесен 36-годишниот Н.Н. Според пријавата, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во правен субјект на подрачјето на Гази Баба.
И во двата случаи за настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје.