Во домот му пронашле импровизирана лабораторија со опрема за одгледување на марихуана - тетовец ќе одговара кривично

Тетовец ќе одговара кривично затоа што при претрес во неговиот дом била пронајдена импровизирана лабораторија со опрема за одгледување на марихуана и канабис.

Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Тетово поднело кривична пријава против С.Ј.(30) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 27.03.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, во кој имало импровизирана лабораторија со опрема за создавање на контролирани услови за одгледување на марихуана, при што биле пронајдени и одземени марихуана и стебла од растението канабис.