Во центарот на Скопје сплотени за Украина: Денови на хуманост во МОШ!

Велат, големината на човекот се гледа по добрите дела што ги брои зад себе, а вистинското време да се направи добро дело е едноставно, – секогаш. Од 25.5.2022 (среда) до 27.5.2022 (петок), во МОШ Бар (MOSH) во центарот на Скопје, ќе трае хуманитарна акција за помош на бегалците од Украина, насловена како „Денови на хуманост“.

„Ги повикувам сите пријатели да се вклучат и да помогнат на загрозените украински граѓани, со донирање на облека, храна, производи за хигиена или, пак, додатоци во исхрана, коишто може да се донесат во МОШ Бар. Деновите на хуманост ќе завршат со хуманитарна забава во МОШ во петок, 27 мај 2022 – каде со секоја влезница од симболични 100 денари, ќе можеме заеднички да собереме средства за оние, кои ги изгубиле своите домови и сѐ што имале и создавале во Украина,“ изјави иницијаторот на „Денови на хуманост“, Јован Андоновски.

Овие денови претставуваат реална можност да им се укаже помош на луѓето, кои како бегалци од воените жаришта престојуваат во нашата држава.

Пунктот за донации ќе биде отворен во МОШ (Центар), со почеток од 09 часот наутро, сѐ до 16 часот во текот на овие три дена, а претстојната хуманитарна забава во петок, ќе започне во 21 часот, исто така, во МОШ (Центар).

Хуманитарната акција „Денови на хуманост“ е во организација на Јован Андоновски, заменик Народен правобранител и МОШ (MOSH Bar) во Скопје, а собраната помош ќе ѝ биде доделена на Амбасадата на Украина во Скопје и распределена на бегалците од Украина во земјата.

За повеќе информации: https://www.facebook.com/events/335302422061730