Во Автокоманда отворена нова бензинска пумпа на ОКТА

Во населбата Автокоманда денеска свечено беше пуштена во употреба новата бензинска пумпа под брендот Окта со што малопродажната мрежа на оваа компанија се зголеми на вкупно 27 бензински пумпи.

Според министерот за економија Крешник Бектеши, кој присуствуваше на отворањето, оваа инвестиција значи дека Владата креира бизнис клима која е во интерес на стопанствениците.

– Како Министерство за економија континуирано ги поддржуваме нашите домашни претпријатија со цел да ги зголемат нивните инвестиции тука во Северна Македонија. Владата е посветена на домашниот бизнис, а тоа го покажавме со Планот за економски раст. На инвеститорите им посакувам успешна работа, да продолжат со зголемување на инвестициите во Северна Македонија што ќе значи отварање на нови работни места, подобри услуги за граѓаните, но и да продолжат да работат и да станат регионални играчи за снабдување со деривати и природен гас, рече Бектеши.

Главниот извршен директор на ОКТА, Јанис Геруланос потенцираше дека нивните горива се проверени до последна капка.

Новата бензинска пумпа ќе биде отворена 24 часа, седум дена во неделата, а во нејзин склоп ќе работат и супер маркет, автоматска автоперална и ресторан на KFC.