Во апартманите во Грција се забранети клими

Доколку ова лето Европската унија сепак ги крене границите за македонските граѓани, тие во најголем дел ќе се упатат во Грција. Таму пак, поради короната има бројни ограничувања за туристите.

Тоа се однесува на сместувањето во приватните апартмани и студија. Издавачите на гостите нема да смееат да им даваат далечинско за уклучување на клима уредот бидејќи со новите мерки наложени од Министерството за здравство тие се забранети.