Во акција на полицијата уапсени две лица, избегале од затвор

Денеска полициски службеници го уапсиле К.Б.(33) од Скопје поради бегство од затворот „Идризово“. Тој бил осуден на казна затвор од две години, а бил баран по централна потерница.

Исто така, денеска во 13:25 часот бил уапсен 27-годишниот Д.Г. од Скопје кој исто така бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од казнено - поправна установа.

Лицата ќе бидат спровeдени во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.