Во 21 век имаме места каде децата учат во лимени контејнери

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за време гостување во емисијата 360 степени на телевизија Алсат М вели дека Македонија претенддира да биде земја членка на Европската Унија, а има места во кои децата учат во лимени контејнери, укажувајќи дека со тоа име скратено елементарното право да добијат соодветно образование.

На децата им е забрането елементарното право да добијат соодветно образование, учат во контењери, 21 век, претендираме утре да бидеме земја членка на Европската унија, додава Мицкоски.