2021 година беше година исполнета со страв.
Страв за нашето здравје, здравјето на најблиските, страв од опасностите, од неизвесноста, од ризиците.
Стравот е тих убиец на човечките соништа.
Затоа, во 2022 ќе посакам да имате повеќе смелост и храброст, а помалку страв.
Повеќе смелост да ги сакате луѓето, а помалку страв дека ќе бидете одбиени.
Повеќе смелост да се смеете, а помалку страв дека ќе бидете исмеани.
Повеќе смелост да бидете она што сте, а помалку страв од туѓото мислење.
Повеќе смелост да живеете, а помалку страв од тоа што би можело да се случи.
Повеќе смелост за да создавање спомени, а помалку страв од неизвесното.
Нека биде оваа година посмела и похрабра!