Во 2021 година ви посакувам повеќе смелост, а помалку страв

2020 година беше година исполнета со страв. 

Страв за нашето здравје, здравјето на најблиските, страв од опасностите, од неизвесноста, од ризиците.

Стравот е тих убиец на човечките соништа. 

Затоа, во 2021 ќе посакам да имате повеќе смелост и храброст, а помалку страв.

Повеќе смелост да ги сакате луѓето, а помалку страв дека ќе бидете одбиени.

Повеќе смелост да се смеете, а помалку страв дека ќе бидете исмеани.

Повеќе смелост да бидете она што сте, а помалку страв од туѓото мислење.

Повеќе смелост да живеете, а помалку страв од тоа што би можело да се случи.

Повеќе смелост за да создавање спомени, а помалку страв од неизвесното.

Нека биде оваа година посмела и похрабра!