Внимавајте, во центарот на Скопје напаѓаат чавки - ме удри во главата, изгубив свест и ме обли крв

Внимавајте, во центарот на скопје напаѓаат чавки-ме удри во глава, изгубив свест и ме обли крв! Ме удри силно во главата. не видов од каде долета, зошто се се случи во секунда и зад мојот грб. Само почувствував силен удар во главата одзади, како со камен, и ми потече крв., ми се стемни пред оли, додека да успеам, да видам дека огромна птица долета на дрвото пред зградата.

Вака една скопјанка го опиша настанот кој ѝ се случил вчера во центарот на Скопје, пред зградата на булеварот „Климент Охридски“ спроти Рамстор мол. Таа се обрати до редакцијата на Вечер, опишувајќи го случајот, со цел да алармира пред се до граѓаните да внимаваат, но и до надлежните да преземат нешто, да ги заштитат луѓето од вакви напади на овие големи птици.

Вели дека веќе неколку дена, во разговор со луѓето кои тука живеат и работат во продавниците лоцирани под зградите дознал дека веќе неколку дена, токму на ова место биле нападнати луѓе.

Ми кажаа дека се сведоци на повеќе напади од чавки во изминативе денови. Една жена со мало дете, ја нападнаа токму на истото место, ја удрија во главата, но и на челото и целата раскрвавена во лицето побара помош во аптеката која се наоѓа во близина на зградата. А можеше и детето да настрада, сепак, ударот е многу силен, тие птици се големи и тешки“, вели една  соговорничка на Вечер.

Вработените во продавниците во близна на аптеката каде што се случуваат овие немили настани, велат дека деновиве се сведоци на оваа појава и дека дневно по неколку луѓе се „жртви“ на овие напади од чавки.

„Секој ден гледаме иста слика и раскрвавени луѓе. И моето дете, пред два дена беше нападнато на истото место. Имаше два дена главоболки од ударот, вели работена во продавница во близина на зградата и додава дека веројатно има некое гнездо со младенчиња во близина.“

Оваа појава не е непозната, кога се маденчиња во прашање, чавките инстинктивно напаѓаат. Експертите велат дека младенчињата на чавките кога ги напуштаат гнездата, а тоа е обично овој период, крајот на мај, почетокот на јуни, нивните мајки неретко напаѓаат луѓе-случајни минувачи. Ударот е силен и болен, а доколку се отвори рана, нападнатото лице треба веднаш да се јави на лекар. Во потешки случаи се дава антитетусна терапија, а во полесни случаи раната треба веднаш да се исчисти и дезинфицира со јод и алкохол.