Внимавајте, се шири нова измама, се ветува хонорарна работа и големи заработки

На социјалните мрежи се шири нова измама каде се ветуваат големи заработи само за 30 минутна работа во текот на денот. Твитер корисникот sprovski, кој редовно ги следи и алармира ваквите измами и во овој случај апелира на голема претпазливост.

Како што објаснува и тој самиот компанијата не може никаде да се најде во онлајн просторот. Телефонот е регистиран во некое предградие на Монтреал, Канада. Целокупната комунакација се се случува само преку WhatsApp и на тој начин криминалецот го контролира разговорот еден-на-еден, не може да биде централно блокиран или глобално пријавен.

„Измамата ја тера жртвата да работи некакви "задачи", кои наводно се дел од "маркетинг" кампања. За секоја завршена "задача" на некаква платформа ќе му префрлат мала сума во криптовалута. Целта на оваа фаза е да создаде доверба на жртвата во "бизнисот" и заработката.

Потоа жртвата се додава во chat група за "VIP задачи" од кои ветената заработка е многу голема. За да се добијат "VIP задачи" жртвата мора да "инвестира", и да не ja повлекува заработка за да остане во групата. Групата е полна со пораки со барања за повеќе задачи или колку заработиле. Дел од нив се бот-ови, дел се други учесници кои со пораките сакаат да се создаде Fear of Missing Out и верба дека има други луѓе кои заработуваат.

Измамата е пирамидална шема, сѐ додека има нови жртви кои ќе "инвестираат". Ќе се распадне кога жртвите ќе посакаат да повлечат пари Да повториме - ако е премногу добро да биде вистинито - лага е. Никој не плаќа консултантски час за кликање по сајтови“, се вели во постот на Спировски.