Внимавајте кон Грција! Евзони ќе биде затворен во овие периоди

Во временските периоди од 10:00 до 14:00 часот и од  18:00 до 22:00 часот, граничниот премин Евзони  ќе биде блокиран за сите видови на сообраќај за влез и излез од и во Грција, поради протест, информираа од АМСМ. 

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин “Дојран”, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин “Табановце”, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, известуваат од АМСМ.