АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви.
Се посочува внимателно возење поради намалена видливост и појава магла до 30 метри. Во соопштението посочени се патните правци с. Гајре – Попова Шапка, до 50м. на планинскиот превој Буково и до 70м. на планинскиот превој Ѓавато, информираат од Македонијапат.
Од АМСМ потенцираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.