Влатко Миладиновски ја наполни арената „Борис Трајковски“ - Ечеше македонската музика во својата најчиста форма

Влатко Миладиноски ја заокружи оваа 2025 година со голем музички спектакл вчеравечер во арената „Борис Трајковски“, во придружба на големиот оркестар на Златко Миладиноски.

Оние кои беа дел од концертот, велат дека моментите може само да се доживеат, не да се раскажуваат со зборови. 

- Историја испишана со Македонска песна. Срца отворени, души разбудени, македонската музика во својата најчиста форма.

СЦ „Борис Трајковски“ – полн, гласен и жив, со Македонија на нозе, Ви благодарам на сите за незаборавните моменти, напиша фолк уметникот споделувајќи видео од моменти од концертот. 

Ова не е само песна, ова е чувство. Моќ, емоција и вистина во секој стих, споделува една обожавателка на музиката на Влатко. 

Несомнено, вчершаната вечер беше ноќ кога се славеше македонската песна, но и трудот, љубовта и вербата дека уметноста е вечна само кога се создава со душа.