Властите велат имаме доволно масло за јадење, ќе извезуваме и во Албанија

Министерството за економија ќе предложи укинување на одлуката за забрана за извоз на основни прехранбени производи меѓу кои и сончогледово масло за јадење во Албанија и други земји во регионот.

Дел од јавноста реагира дека не доволно е стабилизиран нашиот пазар во однос на маслото за јадење кое за еден месец поскапе за 20%, додека властите ја правдаат оваа одука. Велат масло за јадење имаме.

Премиерот Ковачевски вели дека Албанија има проблем со рафинирано масло, а ние имаме и нема да се наруши пазарот во државата доколку им дадеме.
 
-Колку и да имате на залиха, тоа не ја спушта цената на маслото, бидејќи самите суровини од кои се произведува маслото се драматично пораснати на светскиот пазар, посочи Ковачевски во врска со цената на маслото за јадење во „Тема на денот“ во вестите на „Сител“ ТВ.