Владеење на Водолијата: Ни доаѓа најмоќниот период од годината

Владеењето на Водолијата ќе биде едно од најмоќните астролошки случувања во 2021 година. Тоа започнува на 20 јануари а завршува на 18 февруари.

Сонцето во Водолија нè поттикнува да се разбудиме, да ги започнеме промените и да го смениме начинот на гледање на светот. Водолијата е воздушен знак, а како таква е извор на животот. Таа има силна свест, силен идентитет и неверојатна уникатна енергија. 

Доаѓаат драстични промени во овој период, со тоа што треба да ја собереме својата внатрешна сила и да го зграбиме сегашниот момент. Она што следи е добро, но мораме да се разбудиме. 

Ова е време на силно заедништво и колективна енергија. Во 2020 беше тешко да се задржи  и сочува таквата енергија, но сега го имаме креативниот потенцијал да го постигнеме тоа. 

Ова е период кога ќе се чувствувате полесно, како да добивате свежина во вашиот живот и ќе бидат минимизирани негативните чувства и ставови. Фокусот повеќе ќе биде насочен кон создавањето и исполнувањето на целите. Таа ни носи можност да создадеме простор во нашиот живот за работите кои функционираат за нас. Таа нема да биде голем период и премногу моќен кој ќе нè помести од корен и кој ќе донесе преголеми промени во нашите животи, туку едноставно ни носи можност да се ресетираме и да ги промениме нашите приоритети.