Владата воведува нова давачка, граѓаните да се подготоват за нов ценовен шок

Граѓаните треба да се подготват за нов ценовен шок по најавата дека дизелот ќе поскапи за нови 4 денари по литар по воведувањето на еколошката такса.

Премиерот Заев денеска потврди дека владата ќе воведе еколошка такса на дизелот во насока да ги натера граѓаните да не возат дизел автомобили.

Утрово опозициската ВМРО-ДПМНЕ во писмено соопштение предупреди дека владата готви нов удар по џебот на граѓаните.

Од 1 јануари до денес дизелот поскапе 7.5 денари, а за неколку дена Заев трајно ќе го зголеми за дополнителни 4 денари. На 1 јануари дизелот во малопродажба се продавал 54 денари, а денес се продава 61.5 денари, односно 7.5 денари повеќе.

Заев воведува и нов данок, нова давачка наречена еколошки надомест со кој дизелот трајно ќе поскапи за 4 денари. Заев не ги прашал граѓаните, ниту отворил дебата, Заев го планирал овој данок и го ставил во ребалансот во делот на планиран приход.

Заев сака за една година на народот да му земе 54 милиони евра како последица на новиот данок на дизелот. Тоа се пари кои главно ќе им бидат земени на земјоделците и на транспортерите. Тие 4 денари наместо за плата на вработените или за нови инвестиции ќе одат за покривање на дупките во буџетот кои ги направи Заев, велат од ВРМО-ДПМНЕ.