Владата пресече: Второто полугодие ќе започне со задоцнување

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебната година за основните и средните училишта да се одложи, односно наставата со физичко присуство да продолжи на 1 февруари.

- Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни како што е предвидено во календарот за настаната програма за основно и средно образование, со соодветна адаптација на наставните планови, информираат од владината прес служба. 

Од таму додаваат дека како дел од одлуката за одложување на стартот на второто полугодие на учебната година се и задолженијата и укажувањата за Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, Секторот за односи со јавност во Владата на Република Северна Македонија, Јавното претпријатие МРТ да упатуваат апели до учениците и родителите максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од ковид-19, во домашни услови и на отворено.

Граѓаните се со поделени ставови околу оваа тема. Дел сметаат дека второто полугодие треба да почне подоцна, а дел пак сметаат дека учениците треба на време да седнат во училиште клупи. Коментарите прочитајте во постот на Скопје Инфо: