Владата денеска ќе расправа за мерките за справување со Ковид-19

Македонската влада на денешната седница треба да расправа за предлогот на Комисијата за заразни болести за евентуална рестрикција на движењето. Ова на вчерашната прес-конференција го најави министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека кластерската анализа покажала оти речиси сите нови случаи се поврзани со некаква форма на собир или прослава пред две недели.

На вчерашната седница Владата донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба.