Вкусно мезе: Солени бомбици од пилешко и фета сирење

Неодоливи солени бомбици од пилешко и фета сирење…

Состојки:

300 гр пилешко филе

100 гр фета сирење

100 гр сусам

3 кисели краставички

100 гр мелени кикирики

Начин на подготовка:

Зготвеното бело месо иситнете го во блендер. Додајте фета сирење, мелени кикирики, иситнети краставички и препечен сусам.

Масата добро разладете ја и правете топчиња. Извалкајте ги во сусам.

Добар апетит!