Вкусно есенско доживување: Колач од морков и грчки ореви

Вистинско есенско доживување ќе ви донесе овој колач од моркови во комбинација со грчки ореви.

Еве како да го приготвите:

Потребни состојки: 200гр морков, 2 јајца, 60гр растително масло, еден цеден лимон, 100-120гр шеќер, 60гр грчки ореви, 80гр оризово брашно, 80гр пченкарно брашно, 10гр пециво и цимет.

Најпрвин соединете го ренданиот морков кој не треба да го цедите од сокот и шеќерот, додадете го маслото, исцедениот лимон и јајцата. Оваа смеса промешајте ја убаво.

Грчките ореви потпечете ги и сомелете ги на крупни парченца.

Во посебен сад промешајте го оризовото и пченкарното брашно, пецивото и циметот во прав.

Двете смеси соединете ги и додадете ги оревите. Мешајте додека да добиете рамномерна смеса.

Доколу е густа може да додадете 20-30мл вода или цеден сок од портокал.

Смесата се пече во калап за куглоф во загреана печка на 160 степени, околу 45-50 минути.