Вкусен и лесен колач со вишни или цреши (Видео)

СОСТОЈКИ:

5 јајца

250 гр шеќер

2 кесички ванилин шеќер

200 мл масло

200 мл јогурт

1 прашок за печиво

шеќер во прав за посипување

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Исчистете ги црешите или вишните. Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Намастете тепсија со масло и посипете со брашно, димензии 30х25 (може и поголема). 

Разматете цврст снег од белки, додајте шеќер и ванила па матете уште некоја минута. Додајте жолчки, продолжете со матење. Потоа ставете масло, јогурт, брашно измешано со прашок за печиво па сè лесно измешајте со лажица. Префрлете во намастен плех, наредете овошје и печете од 30 до 40 минути. Колачот оставете го добро да се излади па исечете го, посипете со шеќер во прав и послужете.