Вкусен детокс пијалок за чистење на организмот

Голем дел до нас за време на карантинот се хранат нездраво и не обрнуваат големо внимание на исхраната. Сепак, доаѓа време да се излезе надвор, а пролетта е најубавото годишно време за чистење на нашето тело.

Исчистете го вашиот организам со пијалок кој има одличен вкус. Комбинацијата на морков и ананас нуди одлични бенефити за вашето здравје.

Потребни состојки:

2 поголеми моркови

1 зелено јаболко

½ шолја исецкан ананас

1 мало парче исецкан ѓумбир

Измешајте ги сите состојки, ставете ги во блендер и блендирајте додека не се соединат. Уживајте во брзиот пијалок кој нуди низа здравствени бенефити за вашето здравје.